Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на прес-конференција по затворањето на гласачките места, соопшти дека нивниот кандидат, Стево Пендаровски, е во водство на овие претседателски избори.
„Граѓаните масовно и достоинствено излегоа на овие демократски избори. Се надеваме дека овие избори за претседател на државата и по објавувањето на резултатите ќе финишираат во демократска атмосфера“, рече Кирацовски.
Како што рече, тој очекува за околу час и половина да ги имаат конечните резултати.
Извор/Фото: Радио Слободна Европа