Статистика за излезност на гласачите до 15 часот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Државната изборна комисија на својата трета прес конференција денеска објави дека до 15 часот, излезноста на гласачките места е 30,3% од вкупниот број запишани избирачи.

Од обработени 99,39 отсто од 3.512 избирачки места, тоа се 541.885 гласачи од вкупно 1.808.131 граѓани со право на глас.

За да биде избран претседател во вториот круг, потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно 723252 гласачи. Во првиот круг, излезноста до 15 часот беше 28,2 отсто, или 507.129 гласачи. Избирачките места се отворени до 19 часот.

Општини со највисока излезност се Македонски Брод (49,4%) и Крива Паланка (52,6%), а најниска е излезноста во Желино (9%) и Боговиње (10,5%). Од ДИК рекоа дека од 7 часот гласањето се одвива мирно, тековно и без неправилности.