Инфарктот стави крај на професионалната кариера на Икер Касиљас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


37-годишниот Икер Касиљас, бивш легендарен чувар на мрежата на кралскиот клуб Реал Мадрид, за време на тренингот на Порто, завчера, доживеа срцев удар. За среќа, брзата и навремена реакција на докторите го спаси неговиот живот и тој сега е во добра здравствена состојба.

На славниот поранешен голман на Реал Мадрид, кој потоа премина во Порто, му е вграден стен и тој сега се чувствува добро.

По хируршката интервенција Касиљас се огласи од болница во Порто и на своите фанови и пријатели и порача дека се чувствува добро.

Кардиологот Хуан Антонио Корбалан по срцевиот удар упати јасна и децидна порака до Икер Касиљас.

„По инфаркт на миокардот и вградувањето на стен Икер нема да може професионално да се занимава со спорт. Тој ќе може да живее без проблеми , но неговата кариера како голман е завршена“, изјавил кардиологот Корбалан.

Агентот на Икер Касиљас, Карло Кутропија по операцијата порача дека Икер имал голема среќа и дека ја остварил победата на животот.

„Икер имал голема среќа што тоа му се случило на тренинг во присуство на доктори и што е многу брзо реагирано. Ако имал срцев удар дома прашање е како сето тоа би завршило. Ова беше неговата најголема победа во животот. Најзначајната одбрана која некогаш ја направил“, истакнал Кутропија.