Кабриолетот „Aurus Senat“ спремен за парадирањето на Путин на 9 мај (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луксузното издание на кабриолет лимузината „Aurus Senat“ е спремно за првото возење на рускиот претседател Владимир Путин на парадата која на 9 мај ќе се одржи во Москва, во чест на Денот на победата.

„Aurus Senat“ кабриолетот е базиран на лимузината на претседателот на Русија, која беше преставена пред една година за време на инаугурацијата на Владимир Путин.

Кабриолетот во предниот дел наликува на голема лимузина, но се зад тоа е значајно променето, поради што овој модел делува многу по аеродинамично.

Оваа лимузина со покрив на отворање во која рускиот претседател Владимир Путин ќе се вози за време на парадата на Денот на победата на 9 мај во Москва е опремена со 4,4 литарски В8 мотор, кој располага со 600 коњски сили, има деветстепен менувач, кој целата сила ја префрла на сите четири тркала.

Внатрешноста на автомобилот целосно е преслечена со материјали отпорни на снег и дожд, секако тука е и мекиот склоплив кров.

Почетокот на производството на кабриолетот Аурус се очекува да започне на крајот на 2020 година , до тогаш треба да го помине процесот на сертификација.