Редок феномен: Змија со три очи пронајдена на австралиски автопат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Активистите за заштита на дивите животни споделија фотографија од троока змија која беше пронајдена на автопат во северниот дел од Австралија. Од Службата за диви животни „Parks and Wildlife“ ова откритие го опишаа како доста необично, а фотографиите од змијата со три очи брзо станаа вирален хит на социјалните мрежи.

Експертите сметаат дека третото око од оваа змија, сместено на нејзината глава, изгледало како природна мутација. Меѓутоа, младиот питон наречен Monty Python, почина неколку недели откако беше пронајден во март оваа година.

Рептилот долг 40 сантиметри се бореше со начинот на исхрана поради деформитетот со третото око, објавија експертите за ВВС. Рентгентската снимка која му беше направена на овој змиски примерок покажа дека третото око кај змијата било функционално како и другите две очи.

Брајан Фрај, експерт за змии, објаснува дека ваквите мутации се составен дел од животинската еволуција.

„Секое младенче поминува низ некој вид на мутација, само што во случајот со оваа змија станува збор за груб деформитет. Никогаш не сум видел змија со три очи, но во нашата лабораторија имаме кобра со две глави. Тоа е мутација каква што среќаваме во случаите со сијамски близнаци“, вели Фрај.

Тој додава дека третото око кај пронајдениот питон би можело да биде само мал дел од неговиот близнак кој не успеал да се развие.