Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истакнувањето на огромно албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид од страна на косовски играорци за време на нивната туристичка посета на историскиот локалитет, како и казната која му беше одредена на еден од нив од страна на македонското судство, е причина за нови искри во рамки на владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ.
Вицепремиерот Бујар Османи оправдувајќи го потегот на таканаречените играорци од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, рече дека во тоа нема ништо спорно и порача дека албанското знаме може да се постави било каде бидејќи било дозволено со закон.
Одредбите од Законот за употреба на знамињата се јасни, сѐ што е утврдено во закон треба да го почитуваат сите, рече владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи, дека граѓаните имаат право да постават албанско знаме каде што сакаат. Реакциите доаѓаат откако пред неколку дена на Самоиловата тврдина во Охрид, фолклорен ансамбл од Албанија врз ѕидините распосла знаме на Република Албанија.
„Во однос на настанот кој се случи во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Штом судската одлука е таква каква што е очигледно постојат некои прекршувања во однос на законот – рече Бошњаковски.