Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс упати жестоки критики за фудбалерите од „Олд Трафорд“, особено за Пол Погба.
Легендата на „ѓаволите“ не се снајде во улогата на тренер, издржа едвај еден месец на кормилото на Олдам, и сега повторно е во улога на критичар.
„Дали Погба ќе замине или ќе остане? Манчестер јунајтед со години губеше топ фудбалери, но тоа немаше никакво влијание. Си замина играч како Рој Кин, специјален фудбалер, голем лидер. Дејвид Бекам си замина, Кристиано Роналдо си замина, Руд ван Нистелрој си замина. Сите се топ играчи. Но секогаш сме имале состав и играчи кои можеле да продолжат и да не се почувствува нивното отсуство“, истакна Сколс.
„Сите знаеме кој е Пол, зборуваме за потенцијал, но тој има 26 години, мора да прикажува одлични партии секој викенд. Проблем е тоа што дојде тука и мисли дека е голема риба, дека треба да се перчи на секој натпревар. Неговите силни страни се трчање, додавања, да влезе во шеснаесетникот од втор план, голови, асистенции… Кога ќе је додаде топката напред и кога ќе истрча да се вклучи во акцијата, нема играч кој може да го испрати“.
„Му треба некој како Брајан Робсон или Рој Кин, од време на време да го вратат во реалноста. Без такви играчи, тој само си продолжува да си живее во неговиот замислен свет и да си мисли дека е најдобар. Тој е дел од тимот. Не се работи само за него, не се работи за тоа тој да прави финти, да го гледаат луѓето на Јутјуб, и да им покажува на Реал и Барса колку е добар“, заклучи Сколс.