Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерката Кејли Куоко, позната по толкувањето на улогата на ликот од Пени во планетарно популарната серија „The Big Bang Theory”, со една фотографија од снимањето на последната епизода од серијата го најави крајот на нејзиното снимање.
View this post on Instagram
Кејли објави фотографија од сценариото со искористено марамче, а на фотографијата која ја објави претходно се гледаат и нејзините солзи па изгледа дека последните денови на сетот навистина биле емотивни за екипата која работела на серијата.
View this post on Instagram
„Подгответе се, на финалето кое навистина ме остави без зборови. Нашиот цел универзум”, напишала Куоко под емотивната фотографија.
„Ова ме расплака”, „Веќе плачам”, „Зошто на се убаво мора да му дојде крајот?”, „Кога барем финалето би траело еден час, а не половина час”, беа дел од бројните коментари од обожавателите на актерката и серијата.
Со фотографијата од последното сценарио се пофали и глумецот Кунал Најар, а Џони Галецки кој го толкува ликот на Ленард коментираше: „Најтешката страница која некогаш сум ја прочитал”.
View this post on Instagram
Галецки потоа објави фотографија од сетот на која плаче и ги брише очите со марама, а зад него се гледаат останатите членови како плачат.
View this post on Instagram
„Ова утро не беше лесно…Последно читање на “The Big Bang Theory”. Многу сум тажен. Многу сум благодарен”, напиша тој.
View this post on Instagram
Серијата започна со емитување во 2007 година, а Кејли тогаш имаше само 20 години. Серијата завршува после 12 сезони, во мај оваа година. Според Entertainment Weekly, CBS се обиделе да договорат уште две сезони, но глумецот Џим Парсонс кој го глуми Шелдон не се согласил и заклучил дека завршил со таа улога.