Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холивудскиот актер Џони Деп, после подолго време на пауза во љубовниот живот, повторно има нова девојка, пренесуваат странските медиуми.
Според тврдењата на Daily Mail, 55-годишниот Деп е во врска со „go-go“ танчерката Полина Глен, со која наводно планира и да се ожени.
View this post on Instagram
Според информациите кои ги пренесува Daily Mail, Џони моментално живее со танчерката по потекло од Санкт Петерсбург“, за која се верува дека е во 20-те години од животот.
View this post on Instagram
Тие двајца живееле заедно во палатата од Деп на Сансет Булевар во Лос Анџелес. Исто така, се наведува дека нивната врска е сериозна и се вљубени до таа мера што актерот на големо планирал да оди во Русија за да ги запознае родителите од Полина.
View this post on Instagram
Деп од февруари, 2015 година, до мај. 2016 година, беше во брак со актерката Амбер Херд. Таа иницираше бракоразводна парница и поднесе обвинение против славниот холивудски актер за семејно насилство и тепање.
Деп во меѓувреме се изјасни како невин и поднесе контра-тужба против Херд барајќи 50 милиони долари обештетување за клевета.