Малиот Роман растура во кујната: Има две и пол годинки, а веќе е славен готвач


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако има само две и пол години, Роман Белвил од американската држава Индијана знае да направи и колачи и пица, меша смути, а умее да украсува и велигденски јајца.

Кулинарските авантури на малиот Роман на Јутјуб редовно ги објавува неговата мајка Ајла. Прв пат таа објави снимка од малото бебе како готви во август минатата година , а таа снимка имаше милионски број прегледи.

Освен колачи , Роман прави пици , лазањи ,смути , а пред неколку дена објаснуваше и како се вапсаат велигденски јајца.

Мајка му му помага при печењето , му додава продукти и внимава на него. Ајла велид ека уште од многу ал сакал да го држи додека таа готви. Му набавила висока столица и од тогаш е со неа во кујната.

„Јас сум пристрасна , но миослам дека Роман е најслаткото бебе на светот. Му дозволувам да работи што сака , да лиже лажички , па се до ставање цела кеса со шарени трошки во колачот.” вели мајката на Роман.

На Јутјуб каналот малиот Роман има над 118.000 следбеници.