Памела збесна кога разбра дека наместо за сиромашни деца, донациите се пренаменети за…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На хуманитарната вечера која ја организираше фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, за кој игра нејзиното момче Адил Рами, актерката Памела Андерсон сериозно се изнервира и во знак на револт ја напушти хуманитарната гала претстава откако разбра дека наместо за сиромашнитре деца, дел од парите кои се собраа на настанот ќе се пренаменат за реновирање на париската катедрала Нотр Дам.

Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. Но, за време на вечерата, одненадеж, било објавено дека 100.000 од вкупната сумана собрани донации ќе се пренаменат за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон, која е во врска со фудбалерот Адил Рами кој го носи дресот на Олимпик, не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.

Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.

„Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме” , напиша Памела на Твитер.

Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.