Кралски третман: Откриено колку потроши Роналдо во Дубровник!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Одморот на Кристиано Роналдо и неговата вереница Георгина во Дубровник е заврешен. Славниот пар во Хрвтска помина неколку дена, а дена навистина уживаа може да се види и по објавите на социалните мрежи.

Третманот што еден од најдобрите фудбалери на денешницата го доби во Дубровник, беше ни помалку ни повеќе, туку кралски. Од една до друга локација се движеше со црно комбе кое го носеше до самиот влез на рестораните, што не е случај со другите светски звезди и моќни личности кои одмарале во овој град.

„На овој начин овозможивме подобра услуга и поголема приватност. Го разбираме интересот на јавноста, но сепак човекот беше дојден на одмор“, изјави градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Роналдо во Хрватска пристигна во саботата во доцните вечерни часови со приватен авион и не му претставуваше никаков проблем да одвои 7000 евра од ден во Вилата Шехерезада во која пред него имаат престојувано и многу други звезди како: Џејми Фокс, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон…

Изнајмувањето на луксузен Мерцедес комбе кое го превезуваше од една до друга локација го чинело 1000 евра на ден, без возач. А португалскиот фудбалер не штедел и на храна.

Славниот пар јадел во едни од најпознатите дубровски ресторани. Португалецот на вечера ги изнел и пријателите, па се очекува дека сумата чинела и до 2000 евра од вечера.

Роналдо и Георгина за време на одморот во Дубровник купувале и сувенири и други ситници и оделе на излет во приватен аражман. Со тоа темпо, можеме да претпоставиме дека Роналдо трошел по 20.000 евра дневно како што пишуваат медиумите од соседството анализирајќи ги добрите страни на посетата на звездата од Јувентус.

Дубровник веќе со години е избор на повеќе светски звезди. Атрактивната дестинација во Хрватска пред две години ја посетил и дефанзивецот на Реал, Марсело а пред тоа ја имаат посетено и Блејк Грифин и ДеАндре Џордан.