Ветрот „ја задева“ Моника Белучи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден малку поконкретен и поодлучен здив од ветрот беше доволен за една од планетарно најубавите жени од светот на славните личности, Моника Белучи, да покаже „малку повеќе кожа“ во јавност.

Прекрасната актерка велигденските празници од католичкиот календар ги минува во едно мало италијанско гратче. Во една од прошетките, ветрот за миг палаво си погира со нејзиниот лесен фустан, па актерката ненамерно покажа малку повеќе „гола кожа“ од планиранот.

54-годишната Моника низ италијанското гратче се шета без грам шминка на себе, во фустан под колена со голем шлиц и длабоко деколте.

Италијанската убавица сега е „фатена“ без својот партнер 36 годишниот Николас Лефебре, со кого е во емотивна врска веќе неколку месеци.