Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговите настанувачки и природни карактеристики го прават нашиот езерски бисер Охридско Езеро уникат во светот по многу нешта: тоа е едно од најстарите езера на планетата Земја, тектонски формирано, со повеќе карстни извори и голема истека – реката Црн Дрим, бројни реликтни видови во него и други спецификаци.
А за неговата приказна да биде уште поимпресивна, нашето Охридско Езеро има свој „езерски двојник“ на другиот крај од светот, поточно во САД.
Езерото Тахо, лоцирано помеѓу сојузните држави Калифорнија и Невада, има неверојатна сличност според неговите карактеристики со Охридското Езеро. Езерото Тахо (Tahoe) е лоцирано на околу 120 km североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија.
Сличноста помеѓу двете езера е евидентна во многу нешта. ТНа пример, во однос на Охридското, езерото Тахое е само малку поголемо (490 km кв., наспроти 358 km кв.), нешто подлабоко (501 m наспроти 288 m), со слична форма (долго 35 km, широко 18 km и со брегова линија од 116 km наспроти 31 km, 15 km и 88 km соодветно кај Охридското).
Двете езера имаат скоро иста старост (околу 2 милиони години), опколеност од двете страни (источна и западна) со планини, па дури и иста провидност (22 до 25 m) и секако, неверојатна природна убавина.
На двете езера, туризмот е носечка стопанска гранка, со тоа што, разбирливо на Тахое е многу поразвиен, со сите елементи на зачувување на прекрасната природа.
Извор: Игеопортал