Врсници спалиле студентка оти пријавила професор за полово вознемирување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Студентката Нусрат Џахан Рафи од Бангладеш била полиена со керозин и спалена од нејзини врсници откако го пријавила еден од нивните професори за сексуално вознемирување врсници. По пет дена од несреќата, таа им подлегнала на повредите здобиени од спалувањето.

Нусрат била запалена две недели откако ја поднела пријавата во полиција.

Како што навела Рафи во пријавата, професорот ја викнал во својата канцеларија и ја допирал на непримерен начин. Таа кажал и дека успеала да побегне.

Нејзините храброст и смрт привлекле големо внимание на јавноста во Бангладеш и укажале на ранливоста на жртвите на сексуалното малтретирање и вознемирување во конзервативната земја на југот на Азија.

Нусрат по нападот отишла во полициска станица, каде полицаец ја снимил со телефон и таа раскажала што се случило. Снимката дошла на социјалните мрежи, а професорот бил уапсен по нејзиното пријавување. Локалците, меѓутоа, потоа излегле на улиците и побарале од локалните власти да го ослободат мажот.

Две недели по целиот случај, врсници од класот ја намамиле Нусрат на покривот на училиштето под изговор дека една пријателка им е претепана. Неколку ученици ја опколиле заканувајќи ѝ се дека мора да ја повлече пријавата против професорот, а откако таа одбила, ја запалиле, пренесува Индипендент.

По нејзината смрт се одржаа протести во повеќе градови. Полицијата уапси 15 лица, а најмалку седум учествувале во убиството. 19-годишната Нусрат била ученичка на исламско училиште во малиот град Фени, 160 километри источно од Дака.

Голем број жени и девојки во Бангладеш ги кријат своите искуства со малтретирање и вознемирување од страв дека општеството или семејствата може да ги осудат.