Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри увери дека Кристиано Роналдо ќе биде дел од тимот и во иднина.
Вчера во италијанските медиуми се појавија информации дека Роналдо бил разочаран од елиминацијата во ЛШ и размислува за заминување од Јувентус.
„Кристиано е иднината на Јувентус. Тој одигра исклучителна сезона, а така ќе биде и следната сезона. Да тој беше разочаран од елиминацијата, како и сите останати. Лигата на шампини е наша цел секоја година. Меѓутоа, доаѓањето на Роналдо не значи дека сигурно ќе ја освоиме. Фудбалот не е наука. Видете ја Барселона, тие се прв пат во полуфинале после четири години“, истакна Алегри.
„Успехот во Лигата на шампиони зависи од многу фактори, на пример повредите. Ние имавме многу повреди во клучни моменти. Истото ни се случи и во Купот на Италија, кога отпаднавме практично сите дефанзивци беа повредени“, заклучи Алери.
Јувентус е на чекор од нова титула во Италија и може да ја прослави уште утре на мечот против Фиорентина.
„Разочарувањето од Лигата на шампиони е големо, но треба да ја славиме освоената титула. Мојата иднина не е важна, прво да се радуваме на Скудетото, а потоа ќе разговараме“, заврши Алегри.