Покажаа голем карактер: ПСЖ ќе игра во дресови со посвета на Нотр Дам


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тимот на фудбалскиот гигант ПСЖ во недела најверојатно ќе ја прослави новата освоена титула во рамки на француското фудбалско првенство, бидејќи на домашен терен, во дуелот со Монако во рамки на 33. коло од француската лига, потребен им е само еден бод за да ја потврдат неприкосновеноста во францускиот фудбал.

Во овој натпревар ПСЖ ќе игра со посебни дресови посветени на неодамна оштетената катедрала во Париз, Нотр Дам.

Богатите сопственици во ПСЖ веќе собираат пари за да учествуваат во обнова на историскиот објект, а клубот преку дресовите ќе испрати силна порака.

Сепак, ако ги погледнеме последните резултати на тимот кој од клупата го води Томас Тухел не можеме да бидеме толку сигурни дека ќе ја освојат титулата против Монако.

Имено, ПСЖ веќе имаше три натпревари во кои можеше математички да ја обезбеди титулата, но не успеа. Два натпревари изгуби од Лил (5:1) и Нант (3:2), додека против Стразбур одиграа нерешено.

Ова ќе им биде втора шанса на домашен терен да се обидат да ја обезбедат титулата која би била нивна осма во клупската историја. Тоа значи дека ќе заостануваат со две титули зад Сент Етјен и Марсеј кои имаат по десет.