Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако во цела држава владее глад и прекин на снабдување на жителите со струја, за венецуелските нарко босови и дилери на дрога нема зима. Во Венецуела, и покрај очајната социо-економска состојба, буквално цути нелегалниот наркобизнис со кокаин.
Американските власти сметаат дека венецуелската воена и политичка елита ја овозможува и олеснува трговијата, односно ленегалниот транспорт на кокаинот од Венецуела во други држави, главно во САД, користејќи при тоа мали и нерегистрирани авиони, пишува Си-ен-ен.
Според истрагата на Си-ен-ен која го следела патот на кокаинот во тој регион, било забележано дека бројот на сомнителни летови од Венецуела се зголемила на околу два лета неделно во 2017 на речиси секојдневни летови во 2018 година. оваа година биле забележани дури пет истовремени ноќни летови.
Првично авионите кои превезуваат кокаин се користеле за превоз на дрогата од најодалечените јужни региони на Венецуела, но сега сѐ почесто се користат на развиениот северозападен дел на земјата за да се скрати времето на летање.
Регионални и американски функционери кои се запознаени со ситуацијата со трговијата со кокаин во Венецуела, го опишале за Си-ен-ен најновиот курирски систем кој укажува на исклучително богатење на елитата вмешана во незаконската трговија со дрога.
„Шверцерите на дрога сѐ почесто го кортста учеството на венецуелските власти“, изјави еден американски функционер и додаде дека секоја испорака на кокаин од Јужна Америка е толку вносна што авионите во споредба со заработката им изгледаат бесплатни. Поради тоа повеќето мали авиони трговците со дрога ги употребуваат само еднаш, а потоа ги отфрлаат или ги палат.
Се проценува дека само во 2018 година 240 метрички тони кокаин биле пренесени од Венецуела до Колумбија за потоа со авиони да се изнесат од земјата.