Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челзи поради забраната за трансфери најверојатно нема да го откупи хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, а познато е дека за него нема повеќе место во Реал Мадрид.
Англиските медиуми денес пренесуваат изненадувачка вест и тврдат дека Ковачиќ кариерата може да ја продолжи во Русија.
Ковачиќ наводно започнал преговори со лидерот од руското првенство, тимот на Зенит, пренесува „Дејли Мејл“.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона игра во Челзи како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, но англискиот клуб поради забраната за трансфери нема да може да го откупи на крајот на сезоната.
Mateo Kovacic is in talks over a potential move to Zenit St Petersburg (Mail) pic.twitter.com/RfA8GR8JYt
— Simon Phillips (@siphillipssport) April 17, 2019
Ковачиќ ќе се врати во Реал Мадрид, но не е повеќе во плановите на Зинедин Зидан па веќе му порачале дека слободно може да си бара нов клуб.
Интерес за Ковачиќ постои и од италијанските клубови, но во моментов руски Зенит е најблиску до неговиот потпис.
Рускиот клуб во Хрватот гледа идеална замена за Леандро Паредес, кој во јануари беше продаден во Пари Сент Жермен.