The Prodigy со уште една тажна вест: „Почина нашиот ангел чувар“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Само неколку денели после ненадејната смрт на фронтменот на светски популарната музичка група The Prodigy, Кит Флинт, кој си го одзеде животот, од бендот соопштија уште една тажна вест за нова трагедија која ги погоди.

На нивната страница The Prodigy објавија дека Кон, човекот кој беше нивно обезбедување на светските турнеи и концерти, починал после долгогодишната борба со канцерот од кој боледуваше, пренесува The Mirror.

„Почивај во мир, Кон. Секогаш не чуваше и се грижеше за нас низ годините. Не имаше извлечено од многу непријатни ситуации на турнеите. Беше голем човек, всушност, беше супермен. Луѓето кои те познаваа, знаат за што зборуваме“, стои на Твитер профилот од The Prodigy.

Тие додадоа дека Кон беше нивни верен пријател и ангел чувар, дека ќе засекогаш ќе им недостига и дека никогаш нема да го заборават.

Кон, кој за The Prodigy работеше повеќе од 20 години, почина од рак. Зад себе остави сопруга и две деца.