Зекири жестоко против првиот човек на ИВЗ – ги повика да реагираат и имамите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратеникот од редовите на владеачката СДСМ, Мухамед Зекири, жестоко распали против првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кого го нарече „резил улема“, притоа повикувајќи ги останатите имами да не молчат пред неговите постапки.

„За ваков човек каков што е Резил улема Сулејман Реџепи не е потребно да сте толку внимателен оти тој не заслужува никакво внимание, ниту почит од никого во нашава земја, вклучително и муслиманските верници кои за жал тој криминалец и нечовек и натаму ги претставува-пишува пратеникот.

„Тоа што тој го прави со години, мене искрено не ме зачудува. Прво им се чудам на имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ кои продолжуваат да замижуваат на сето она што овој човек го прави, и натаму молчат како кукавици и се се плашат од овој човек.

Почитувани имами, охрабрете се, не молчете, СРАМОТА е тоа да го правите и со вашиот молк да ги одобрувате постапките на Резил улема Сулејман Реџепи.

СРАМОТА е пред верниците, а пред сè пред Алах (Бога) да го одобрувате тоа што не го одобрува верата на која припаѓате и која ја проповедате пред верниците“, вели Зекири потенцирајќи дека сега на потег е ЈО а поглаварот мора да одговара за ширење на омраза.