Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
12-годишниот Виктор Мартин од перуанското место Моче, со својата животна судбина и неговата посветеност за учење, трогна милиони луѓе ширум цела планета, откако беше снимен како среде ноќ, на улица под бандера, пишува домашна работа.
Причината што тој во 3 часот по полноќ пишува домашна среде пустата улица е што дома немаат струја бидејќи неговите родители немаат пари за да ги платат сметките за истата.
Мартин беше снимен од полицијата од местото Моче на безбедносните камери, кои првично забележале момче кое во три часот ноќе на пустата улица чита и пишува под бандера. Но , кога зумирале , увиделе дека детето пишува домашна работа. Полицијата снимката ја сподели на социјалните мрежи , по што медиумите ја објавија приказната за малото момче.
Виктор Мартин ретко кога дома успевал да научи и да напише домашна работа , бидејќи морал да учи на свеќа. Родителите се толку сиромашни што немале пари за да платат за струја. Затоа, малиот Виктор решил да учи под светлоста на уличното осветление. Учел ноќе зашто по часовите морал да помага дома и да ги чува домашните животни.
Мајката Роса Ангуло Кордоба за медиумите изјавила дека Виктор секој ден ги пасе овците, а помага и во домашните работи, така што нема време за учење.
Откако милиони го погледнаа видеото на социјалните мрежи репортажата за момчето , градоначалникот на местото Моче вети дека ќе ги плати сметките за струја на семејството на Виктор, кој и покрај тешкиот живот има одлични оценки на училиште.