Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во дербито на денот во недела на Енфилд играат Ливерпул – Челзи. Домаќинот е блиску до титулата, но не смее да си дозволи ниту еден кикс до крајот на сезоната. Сити има лесна задача викендов, па тоа е уште еден мотив плус за домаќините. Челзи пак, сака во Лигата на Шампиони и секој бод им е од големо значење.
Клоп не е целосно задоволен од играта на Ливерпул
Ливерпул има комотна предност во четврт-финалето на Лигата на шампионите откако славеше со 2:0 над Порто. Наби Кеита донесе предност за црвените веќе во петтата минута, пред Роберто Фирмино да го постави конечниот резултат пред полувремето. Сепак, Јирген Клоп не беше целосно задоволен после средбата.
Фудбалерите на Ливерпул беа одлични во поголемиот дел од првите 70 минути, но на крајот кога Порто целосно се отвори, се видоа доста слабости кај домаќинот. Ливерпул може да биде благодарен што Муса Марага промаши четири одлични шанси за гол – по две во двете полувремиња. Тоа е факт и покрај тоа што домаќините можеа да постигнат повеќе голови во првите 45 минути.
Во пресрет на пресметката во недела, Клоп се чувствува доволно смирено да ги замени улогите на Фирмино и Садио Мане во умерена форма иако тоа е малку веројатно. Шефот на Ливерпул сега ќе го има и левиот бек Ендрју Робертсон по суспензија на Лигата на шампионите. Исто така тој се надева дека Вијналдум ќе биде доволно подготвен за да се врати на средниот ред.
Челзи е премногу зависен од Хазард
Хазард секако е клучниот фудбалер во Челзи, а во моментов тој импресионира во секој поглед. Тој постигна еден од головите на сезоната на Премиер Лигата, кога Челзи го победи Вест Хем со 2:0 минатиот викенд за да се искачи на третото место на табелата. Победата беше трета по ред во шампионатот, а Челзи конечно почна да личи повторно на себе. Маурицио Сари имаше многу работа во последно време, трпи се повеќе и повеќе критики но е мирен и верува во својот стил на игра, во својата филозофија.
Сепак, проблем за Челзи е големата зависност од играта на Хазард. Тој е шести стрелец сезонава во Премиер Лигата со 16 голови, но и прв асистент со дури 12 асистенции. Сари ќе мора да смени нешто во офанзивниот пристап, бидејќи ако Клоп најде решение за да го запре Хазард, тогаш Челзи ќе нема никакви шанси за успех.
Сепак и Хазард и Игуаин беа одморени против Славиа Прага во Лигата на Европа. Гонзало Игуаин е желен за голови, а тој се снаоѓа се подобро кога е заедно со Хазард. Англиските млади таленти Хадсон Одои и Лофтус Чек се надеваат дека ќе ги задржат своите места откако беа стандардни на последните натпревари, а барем еден од нив би требало да биде изненадување за Клоп на овој натпревар.
Ливерпул игра лошо против Челзи, но сега е голем фаворит
Ливерпул не победи на ниту еден од последните шест натпревари во Премиер лигата на Енфилд против Челзи ( четири ремија и два порази ). Црвените никогаш не биле подолго време без победник дома против било која друга екипа од Премиер Лигата. Во меѓувреме, Челзи загуби само двапати на последните 16 средби со Ливерпул во сите натпреварувања ( шест победи, осум ремија и два порази ). Интересно, но двата порази на Челзи против Ливерпул на овие средби се Стемфорд Бриџ.