Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главна вест денес во Шпанија беше информацијата која ја пренесе мадридскиот весник „АС“ за иднината на Тони Крос.
Имено, весникот излезе со информација дека плејмејкерот на Реал Мадрид донел конечна одлука и сака да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Тони Крос ја игра една од најслабите сезони откако пристигна во „кралскиот“ клуб. Германецот беше определен како еден од најголемите виновници за елиминацијата во Лигата на шампиони од Ајакс.
Реал Мадрид спрема реконструкција на тимот по завршување на сезоната и силно се поврзува со играчи како Пол Погба и Кристиан Ериксен, па поради тоа „АС“ тврди дека Крос размислува за заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Меѓутоа, после ваквите написи, 29-годишниот играч за врска јавно се огласи преку Твитер и категодично демантираше.
„Апсолутно неточна информација“, напишта Крос за веста на „АС“.
Información absolutamente falsa‼️‼️‼️ https://t.co/z2PYwz0fiA
— Toni Kroos (@ToniKroos) April 12, 2019
Според шпанските медиуми дури ни фудбалери кои важеа за омилени на Зидан како: Каземиро, Модриќ, Крос и Марсело немаат загарантирано место во тимот за следната сезона.
Потради тоа Реал може да одлучи да го продаде Германецот доколку пристигне примамлива понуда, а инетерс за него покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Во последните неколку дена се погласни се шпекулациите дека Реал и Јунајтед би можеле да направат трампа, така што Крос ќе заврши на „Олд Трафорд“, а на „Сантиаго Бернабеу“ ќе се пресели Пол Погба.