Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, отворено апелира до властите на Велика Британија да не го екстрадираат во САД уапсениот основач на Викиликс, Џулијан Асанж.
Во својот отворен повик Асанж да не биде екстрадиран, Корбин истакна дека Асанж не треба да им биде испорачан на САД „за откривањето на ѕверствата во Ирак и Авганистан“.
Тој на Твитер го објави и видеото од воздушниот удар изведен по наредба на Пентагон што го објави Викиликс во 2007 година, во кое се гледа како американските сили убиваат цивили и новинари.
The extradition of Julian Assange to the US for exposing evidence of atrocities in Iraq and Afghanistan should be opposed by the British government.pic.twitter.com/CxTUrOfkHt
— Jeremy Corbyn (@jeremycorbyn) April 11, 2019
47-годишниот Асанж вчера беше уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако еквадорската влада му го укина азилот.
САД го бараат Асанж поради објавувањето на десетици илјади тајни владини документи преку Викиликс.
Министерството за правда на САД објави вчера дека го обвинило Асанж за ковање заговор со поранешната аналитичарка на американската воена разузнавачка служба Челси Менинг, за упад во владин компјутер со доверливи податоци.
Асанж е обвинет дека ѝ помагал на Менинг во откривањето на компјутерската шифра, што ѝ овозможило да влезе во компјутерскиот систем на Пентагон.
Во еквадорската амбасада во Лондон Асанж се наоѓаше од 2012 година, за да избегне екстрадиција во Шведска која го обвини за сексуално малтретирање.