Интер одлучи: Ќе го „жртвува“ Скриниар


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер е спремно да го жртвува стоперот Милан Скриниар за да направи реконструкција во тимот.

Иако Скриниар и неговиот менаџер тврдат дека Словакот сака да остане во Интер и преговараат за нов договор, сепак „нероаѕурите“ имаат други планови со Словакот.

Скриниар во Интер пристигна во 2017 година од Сампдорија за скоро 30 милиони евра, тогаш потпиша договор на пет години. Во меѓувреме се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неговите превисоки барања за продолжување на договорот, како и богатите понуди од европските гиганти, можат да го натераат раководството на Интер да го продаде 24-годишниот Словак, но само доколку пристигне понуда од 90 милиони евра.

Интер веќе пронајде замена за Скриниар бидејќи на лето сигурно пристигнува Диего Годин, а со парите од неговата продажба може да направи реконструкција на тимот.

Доколку го продадат Скриниар „нероаѕурите“ ќе имаат финансиска моќ да ги купат двете најголеми трансфер желб, а тоа се Иван Ракитиќ од Барселона чија цена изнесува 50 милиони евра.

Другата голема желба на миланскиот гигант е младата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Киеза чија цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра.