КАКО ДА СЕ БИДЕ ДОБАР ТАТКО? НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ТАТКОВЦИТЕ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во последните три децении, општествените промени вклучуваат се поголемен број на жени што работат надвор од домот, зголемени стапки на разводи, склопување на втори бракови и мешани семејства кои предизвикуваат промени и во матрилинеарната и патрилинеарната улога.

Како изгледа татковството во 2019? Нашите  искрени модерни татковци ни раскажуваат за тоа како да се биде подобар родител: носење на ќерките на часови за танцување во недела кога има фудбал, делење на обврските со мајките, редефинирање на самогрижата, и “прифаќање на тешкото” кое е позабавно од што некогаш си мислеле. 

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ТАТКО? Уметноста на татковството еволуира како што се менува општеството и традиционалното семејство. Со овие позитивни совети за родителство, татковците можат да им помогнат на нивните деца да изградат самодоверба, а за возврат, да научат како да бидат посветени, подржувачки и грижливи татковци на нивните деца. Современите истражувања откриваат дека топлите татковци  имаат тенденција да имаат деца со зголемена самодоверба.

 

РОДИТЕЛСКИ СОВЕТИ ЗА ТАТКОВЦИ: КАКО ДА СЕ БИДЕ ГРИЖЛИВ,ПОДРАЖУВАЧКИ И ПОСВЕТЕН ТАТКО

ПОСВЕТЕТЕ ВРЕМЕ НА СВОЕТО ДЕТЕ. Начинот на кој што таткото го поминува своето време со детето открива што му е важно кај неговото дете. Децата растат многу брзо, секако е значањо да растат заедо со нивниот татко.

ДИСЦИПЛИНА СО ЉУБОВ И ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО. На сите деца им треба позитивно водство и дисциплина, не како казна, туку како да се постават рационални граници. Татковците треба да ги потсетат своите деца за последиците од нивните однесувања и на позитивен начин да го потврдат  посакуваното однесување. Татковците кои дисциплинираат на мирен и фер начин покажуваат љубов кон нивните деца.

БИДЕТЕ МУ ИДОЛ НА СВОЕТО ДЕТЕ. Без разлика дали тие се свесни за тоа или не, татковците се идоли на нивните деца. Девојка што поминува време со грижлив татко кога ќе поране ќе знае како да биде третирана и почитувана од момчиња, и што точно да бара во својот партнер. Татковците ги учат момчињата и девојчињата што е важно во животот на тој начин што им демонстрираат искреност, смиреност и одговорност.

ЗАСЛУЖЕТЕ ГО ПРАВОТО ДА БИДЕТЕ СЛУШНАТИ Татковците треба да започнуваат разговори со нивните деца за важни теми додека се тие сеуште мали со тоа што ќе им биде полесно на самите деца  да се справат со истите кога тие ќе пораснат. Одвете време да ги слушнете идеите и проблемите на своето дете.

БИДЕТЕ МУ УЧИТЕЛ НА СВОЕТО ДЕТЕ Добар татко ги учи своите деца што е добро, а што лошо и ги охрабрува децата да го дадат најдоброто од себе. Погрижете се вашите деца да донесат добри одлуки. Инволвираните татковци користат примери од секојдневниот живот за да им помогнат на нивните деца да ги научат основните лекции на животот.

ЈАДЕТЕ ЗАЕДНО Важен дел од здрав фамилијарен (семеен) живот е приврзување преку фамилијарни ручеци. Тоа им овозможува на децата шанса да зборуваат за тоа што тие прават и што тие сакаат да прават. Исто така тоа е добро време  татковците да слушаат и да бидат вклучени.

ЧИТАЈТЕ МУ НА ТВОЕТО ДЕТЕ. Во модерниот свет кој е доминиран од телевизија и интернет, важно е татковците да се потрудат да им читаат на своите деца за да им создадат навика за читање. Започнете да им читате додека тие се многу мали за да кога ќе пораснат, да ги охрабрите и тие да им читаат на нивните деца. Да им овозможите љубов кон читањето на своите деца е еден од најдобрите начини да им осигурате на децата да имаат писменост, личен и кариерен развој за цел живот.

ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ДРУГИОТ РОДИТЕЛ НА СВОЕТО ДЕТЕ. Родителите кои се почитуваат меѓусебно и демонстрираат заеднички респект на нивните деца, им овозможуваат сигурност. Кога децата ги гледаат родителите меѓусебно, многу е веројатно тие да почуствуваат дека се прифатени и почитувани во рамките на односот помеѓу таткото и детето.

ВКЛУЧЕТЕ СЕ ПОРАНО. Порано покажете интерес така што ќе ја разбереш татковската улога во процесот на бременост, или на посвојување или на сурогатство и на нежен начин галете го, играјте си, држете го и зборувајте му на вашето малечко бебе. Кога татковците се вклучени, тие испраќаат јасна и емпатична порака: ”Јас сакам да бидам твој татко. Јас сум заинтересиран за тебе и ние имаме врска што е важна за мене.”

 

Филип Арсовски

Институт за семејни студии, Филозофски факултет