Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вонредниот самит на европските лидери кој се одржа во Брисел, челните луѓе на ЕУ се согласија за флексибилно одложување на Брегзит давајќи им рок на Британците да го реализираат до 31 октомври.
По неколкучасовните разговори, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, испрати порака до Британците “да не го трошат времето” овој пат. Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија се уште има цел да ја напушти ЕУ што е можно поскоро.
Самитот се одржа откако Меј претходно побара Брегзит да се одложи до 30 јуни, но целата процедура, европските лидери, одлучија да ја продолжат со цел Велика Британија да најде најдобро можно решение.
Доналд Туск рече дека „курсерот сега се наоѓа во рацете на Британците, што значи дека ќе можат да го ратификуваат Договорот за повлекување, а во тој случај одложувањето може да биде стопирано”.