Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Разводот во САД е многу чест, што речиси половина од браковите завршуваат со развод или со трајно одвојување. Постојат моменти кога разводот е неопходен, но постојат и оние моменти кои во други околности често подоцна покажуваат дека би сакале повеќе да се потрудат пред разводот. Постојат повеќе фактори кои го водат парот кон големи ризици кои предизвикуваат развод.
Колкав процент од браковите завршуваат со развод ?
Истражувањата покажуваат дека 40%-50% од сите први бракови ќе завршат со развод или со трајно одвојување и околу 60% – 65% од вторите бракови ќе завршат со развод. Имено, иако разводот отсекогаш бил дел од американското општество, сепак тој станува почест во последните 50 години. Промените во законот допринеле да разводот се одвива и доживее полесно. Највисоките стапки на развод се забележале во 1970тите и во раните 1980тите години. Сепак денес стапките на развод се намалени, но остануваат високи.
Кои фактори се поврзани со поголем ризик за развод?
Со текот на годините, истражувачите утврдиле одредени фактори кои ги ставаат луѓето на повисоко ниво на ризик од развод: кога млади склучуваат брак, ограничено образование и приходи, предбрачна бременост, безверска припадност, оние кои доаѓаат од разведени семејства и чуство на несигурност.
Младост – Брак во многу млада возраст ја зголемува веројатноста за развод,особено во раните години на бракот.
Помалку образование – Истражувањата покажуваат дека паровите кои имаат најмалку високо образование (наспроти паровите со средно образование или паровите кои не завршуваат средно образование) имаат помали шанси за развод.
Помалку приход – Просечен приход може да им помогне на паровите да го избегнат стресот што може да доведе до тоа развод.
Предбрачен соживот – Двојките кои живеат заедно пред брак се чини дека имаат поголеми шанси за развод ако се оженат, но ризикот најчесто важи за оние кои што имаат живеено со повеќе партнери. Често верување е дека живеењето заедно пред бракот дава можност да се запознаат едни со други подобро, но истражувањата откриле дека оние кои живеат заедно пред бракот веќе развиле одредена попустливост кон развод. Оваа попустливост кон развод е она што води парот да стигне до висок ризик. Истражувањата сугерираат дека паровите кои се ангажираат и потоа се движат заедно повеќе не се изложени на висок ризик за иден развод. Нивната посветеност кон бракот го намалува ризикот од развод во иднината.
Предбрачно раѓање и бременост – Раѓање деца и бременост пред брак значително ја зголемува веројатноста за иден развод.
Без религиска припадност – Истражувачите проценувале дека паровите кои имаат верска припадност во споредба со оние кои не припаѓаат на ниту една религиозна група, помалку е веројатно дека ќе се разведат.
Развод на родители – За жал, доживувањето на разводот на родителите го удвојува вашиот ризик за развод. И ако вашиот брачен другар, исто така, доживеал развод на родителите тогаш вашиот ризик за брак се зголемува за три пати повеќе. Ова не значи дека сте преодредени вашиот брак да заврши со развод, туку само да бидете свесни за трендовите и да поработите понапорно за поуспешен брак.
Илина Јаковчевска
Институт за семејни студии, Филозофски факултет