На булдожерот кој пробиваше пат кон Галичник му ја украле нафтата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пробивањето на пат од Маврово кон селото Галичник со правење на тунел од снегот беше прекинато откако на булдожерот кој го пробиваше тунелот му беше украдена нафтата.

Фотографијата е обајвена на ФБ профилот на месната заедница Галичник.

При расчистувањето имало проблеми откако прексиноќа биле украдени 200 литри нафта потребни за работа на булдожерот.

Случајот е пријавен во полиција и направени се увид и записник за штетата. Фотографиите се од преминот Царевец кој од Маврово води кон Галичник.