Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Краток документарец за Прилеп од 1959 година со времетрање од 12 минути.
Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35мм. Производство: Вардар филм – Скопје . Филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески.
Награди: 1959 година, ФЈДФК, Белград, Втора награда за сценариото на Боро Чушкар, Јован Поповски и Кочо Недков.
Автори: Режија: Недков Кочо
Сценарио: Билбиловски Киро , Недков Кочо , Поповски Јован , Чушкар Боро
Монтажа: Личеноски Вељо
Музика: Бељан Андреј
Тон: Паковски Глигор
Соработник: Солунски Коце
Асистент снимател: Петровски Иван
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо – Риџвеј
Други соработници:
Текст: Србо Ивановски
Стихови: Кочо Рацин; Блаже Конески
Текстот го чита: Иван Антонов