Ризичен моден избор: Ветрот не беше сојузник на краткото фустанче од Серена Вилијамс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Планетарно популарната и една од најдобрите тенисерки на нашето време, Серена Вилијамс, со нејзиниот смел, но ризичен моден избор, не најде сојузник во ветрот кој ја натера да се покае за модната комбинација кога излезе на улица.

Таа пред папараците доживеа незгода, кога силниот ветар го развеа долниот дел од фустанчето и покажа што носи под него. Тенисерката на улиците во Њујорк излезе во светло син фустанче, која потсетува на кошула со копчиња од напред.

Серена се обидуваше да се држи професионално и да не покаже дека и е непријатно, но по кусо време почна да покажува колку е засрамена.

Фустанот со сино-бели пруги и срциња е дел од нејзиниот моден бренд и се продава по 100 долари.

Серена во мај минатата година покрена модна линија, а едно од нејзините сакоа носеше и војвотката Меган Маркл , додека беше на кралска турнеја низ Австралија.