Откриено најстарото писмо за раскинување на љубовна врска – еве што пишува во него


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Археолозите го открија првото и најстаро писмо за раскинување на љубовна врска.

Кралот на Вавилон не бил задоволен од врската со непозната девојка, па одлучил да ја раскине љубовната врска со анонимната љубовница преку писмо. Истражувачите открија дека тој веројатно е авторот на првото писмо за раскинување на една љубовна врска во историјата на човечката цивилизација.

„Добив информација дека си се сретнала со мојот пријател Нисаб. Разочаран сум и скршен од ова предавство, со оглед на тоа дека ти си ми една од најомилените љубовници. Очекувам дека до крајот на неделата ќе дојдеш и ќе си ги собереш своите шалови и сандали, а ако не го направиш тоа, ќе ги подарам некому“, кратко напишал вавилонскиот крал во писмото, пренесува сајтот Hyperallergic.

Писмото беше пронајдено на југот од Ирак, а пораката ја проучуваа тим од археолози.