Цела на мама: Малата од Моника Белучи професионално влегува во модниот свет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


14-годишната ќерка на бившиот славен актерски брачен пар Моника Белучи и Винсент Касел стана ново заштитно лице на славниот моден бренд и гигант во светот на модната индустрија „Долче и Габана“.

Откако со години Белучи беше ѕвезда на нивните кампањи , на социјалните мрежи се појавика фотографии и снимки на кои се гледа дека Дева ја наследила убавината , но и работата на својата мајка.

И покрај тоа што папараците не можеле сосема да се приближат до местото на фотосесијата, се гледа дека Дева ја наследила убавината на својата мајка, која е прогласена за една од најубавите славни жени на светот.

Само е познато дека Дева ќе рекламира нов парфем на „Долче и Габана“, а спотот е снимен во градот Равело. За да помине се во најдобар ред , се погрижи мајката Моника, која цело време беше до својата ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesca Fiore (@francesca_fiore_weddingsamalfi) on

Освен Дева, поранешните сопружници ја имаат и деветгодишната ќерка Леони.