Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако не се знае кој точно го поднел барањето за помилување, за повеќемина обвинети за „крвавиот четврток“, до претседателот на заминување Ѓорге Иванов се поднесени барања за амнестии.
Од кабинетот на шефот на државата потврдуваат дека до нив се пристигнати повеќе барања но не откриваат кои се обвинетите или осудени лица кои ги поднеле и за кои предмети станува збор
„Во петокот, во попладневните часови, во Кабинетот на Претседателот е пристигнато уште едно од повеќето барања за помилувања.“ – се вели во кратката информација која ја добивме од претседателскиот кабинет.
Заев не очекува помилувања од Претседателот
Согласно Законот за помилување, Претседателот сепак има можност дискреционо да одлучува во постапките за помилување.
„Претседателот на Републиката по исклучок, може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес на Републиката или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано.“ – се вели во членот 11 од законот за помилување.
Токму овој член беше укинат со измените и дополнувањата на овој закон во 2009 година, кога претходната Влада реши да му ја одземе можноста на Претседателот за помилување. Но 7 години подоцна во март 2016 Уставниот суд донесе одлука со која комплетно ги укина овие измени, со што повторно му ја врати можноста на Претседателот да дава помилувања. Само месец дена подоцна, Иванов донесе указ со кој помилува 56 лица, високи државни функционери и од власта и од опозицијата.