Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мира Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, има сериозни здравствени проблеми и се бори за живот на руската клиника во Сочи, пишува Фокус.
Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, таа веќе имала четири тешки хируршки интервенции зад себе по кои дошло до компликации.
Мира живее во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период. Во 2005 година Србија распиша потерница по неа, со што веднаш штом би дошла во Србија, би била уапсена.
Неодамна Апелациониот суд во Белград ја укина пресудата против неа, со која беше осудена на година дена затвор, поради злоупотреба на службена должност при доделување на државни станови. Пресудата со која беше осудена се донесе во јуни 2018 година, цели 15 години отако беше започната постапката и и се судеше во отсуство, бидејќи живее во Москва.