Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 15 часот, во новиот Дом на културата во Општина Кисела Вода, општината на која беше градоначалничка во еден мандат, ќе се одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која завчера трагично го заврши својот живот.
Таа беше градоначалничка на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година, а си го одзеде животот на 6 -ти април 2019 година.
Во спомен на актерката, се сеќаваме на нејзиното интервју за рубриката Во прво лице, од 27-ми мај 2007 година, објавено на Театарче.мк.
ЗА СОНОТ И ЈАВЕТO – А зошто сонот да не е јаве, а јавето сон! Сепак, соништата се повозбудливи, имагинарни, енергични – автентични! А јавето? Јавето е само реалност!
ЗА СЕГАШНОСТА – Судбина – карма. Кај да е ќе помине, ќе стане минато. Надежно е сепак, нели?
ЗА ИДНИНАТА – Е кога би зависела само од мене…
ЗА КОЛЕГИТE – Баш сме една “голема, весела фамилија”.
ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ – Колку и да се физички далеку, сепак ги чувствувам блиску. Чувствувам и препознавам кога мислат на мене. Понекогаш ми е доволно и толку.
ЗА ДУШМАНИТЕ – Незнам како ќе прозвучи, ама вистината е таа: Просто немам време за нив, премногу сум зафатена со себе.
ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Ако судбината ми е храм, ако воздухот на сцена ми е мирис на кандило, тогаш прашината на сцена е моето ВИБУТИ – светата пепел, знак на неуништлив остаток на душата.
ЗА СВЕТОТ НА ДЕЦАТА – Ми е жал, оти ќе мора да пораснат. Да ја отворат вратата на големото море од неизвесност.
ЗА УБАВОТО – Убава е мајчината утрова. Единствено таа носи вистинска, исконска топлина, сигурност и верна заштита.
ЗА ГРДОТО – А кога ќе се свртам околу себе и широко ги отворам очите, вистинската состојба е таква, можеби и не – можеби е само момент на слабост.
Извор: Фокус