Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, се поголем број на деца посебно во развиените земји се израснати од родители што живеат заедно, а не се во брак. Според тврдењата родителите кои живеат во заедница обезбедуваат семејно опкружување кое може да се спореди со брачното домаќинство, со оглед на тоа што децата се воспитуваат од две возрасни лица. Сепак, резултатите добиени од една анкета спроведена во 11 развиени земји покажуваат дека невенчани парови со деца на возраст под 18-годишна возраст имаат поголеми сомнежи дека нивниот сегашен однос ќе трае, во споредба со брачните двојки.
Помеѓу 11-те анкетирани земји, Обединетото Кралство се наоѓа на врвот на листата на врски со сомнеж кога станува збор за невенчани родители. Според Global Family and Gender Survey(GFGS), околу 4 од 10 британски парови или 39% од нив, потврдиле дека во изминатите 12 месеци имале сериозни сомневања дека нивниот однос со партнерот ќе трае. Во однос на другите држави добиени се следните резултати: 36% во САД, 35% во Австралија, 34% во Канада и Ирска и 31% во Франција. Низ Англосферата, заедничкото живеење на невенчани родители се смета за значително помалку стабилна од брачната заедница. На дното на листата се наоѓа Аргентина, каде само 19% од невенчаните двојки се изјасниле дека имаат сериозни сомневања за нивната врска.
Сепак, брачните двојки со мали деца во овие земји се покажало дека имаат поголема доверба во нивниот однос отколку невенчаните родители. Во Велика Британија, процентот на брачните родители кои имаат сериозни сомневања за нивната врска е помал за 12 проценти (12%), за родителите во САД, разликата е 19 %. Најмалара разлика помеѓу двете групи е во Франција, каде што 30% од брачните родители имаат сериозни сомневања за нивната врска, а 31% од родителите кои живеат во заедница се чувствуваат исто.
Во шест земји (Канада, Ирска, Мексико, Перу, Велика Британија и САД), разликата во сомнежите на нивната врска помеѓу невенчаните и венчаните парови зависи од образовните модели, возраста, полот, сексуалната ориентација, економскиот статус и местото на раѓање.
Стефанија Костадиновска, Клара Лозаноска, Кристина Тодоровска
Институт за семејни студии, Филозофски факултет