Скапите кирии ги кренаа Германците на нозе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скапите цени за наем на живеалишта беа причина во повеќе европски градови да се организираат масовни протести. Се протестираше во Барселона, Париз, Лисабон, Амстердам, Келн, Брисел, Будимпешта, а особено бројни во изразувањето на таквиот јавен револт беа Германците во Берлин.

Во германската престолнина Берлин се одржа најголемиот собир против високите цени на кириите, трошок за кој Германците сметаат дека е огромен социјален издаток и дека неговото зголемување е без ограничување, пренесува Фактор.мк.

Според податоците на полицијата, протестот во престолнината имало повеќе од 10.000 лица, додека организаторите на собирот зборуваат за дури 40.000 учесници, пренесува „Билд“.

Организаторите велат дека компаниите-сопственици трупаат профити во милијарди, а од друга страна со години растот на наемнината е постојан со што може да се загрози социјалниот мир. Ја повикаа државата да гради повеќе социјални станови за да се намали цената преку конкуренција, но и да се даваат повеќе градежни дозволи и изградба на над 300.000 нови станови годишно.

Протестирачите носеа транспаренти на кои пишувале „Престојувањето е основно право“ и „Град за сите“, а се бара и референдум за експропријација на компаниите кои во своја сопственост имаат повеќе од 3.000 станови и кои постојано ги зголемуваат кириите.

Во Норвешка двајца од секои десет не живеат во сопствен дом, додека во Италија тројца од десет, а во Германија тоа е уште поизразено.