Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на 7 мај Леов имаше добро издание на Меѓународниот турнир „Куп на Сарево“ во борење во женска категорија.
Овој турнир се одржа во Босна и Герцеговина, а борачките на тимот 7-ми ја освоија по еден златен, сребрен и бронзен медал.
Златан медал освои Барбара Стојкоска (-58 килограми). Кристина Велеска (-46) беше поразена во финалето и се утеши со сребрениот медал, додека Симона Темелкоска (-54) на својот тим ја донесе бронзата.
Од 7-ми Мај Леов истакнаа дека и Кристина била оштетена од финалето.
„Кристина водеше со 9:2. Судијата во тој момент направи превид и досуди туш за противничката“, истакнуваа од тимот на 7-ми Мај Леов.