Ода за моќта на љубовта! „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“ во МОБ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската опера и балет Ви ја најавува изведбата на балетската класика „Лебедово езеро” – П. И. Чајковски на 12 април, со почеток во 20 часот.

Ода за моќта на љубовта! Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро” ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
Во главните улоги настапуваат: Одета/ Одилија настапува Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска.
Репетитор на балетот е Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска.
Ирена Пасариќ ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави „Лебедово езеро”.