Реал Мадрид го искушува Варан со нов договор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последно време се погласни се шпекулациите дека Рафаел Варан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесоа дека Французинот наводно донел конечна одлука и му соопштил на раководството дека сака да ја промени средината.

Вчера пристигна демант на ваквите тврдења директно од Реал Мадрид. Имено, генералниот директор Емилио Бутрагењо категорично демантираше дека Варан сака да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.

„Тој е во клубот долго време, има дадено многу за овој дрес и ќе продолжи да го носи и во иднина. Ќе видиме што ќе се случи, но тој е играч на Реал Мадрид и сака да остане“, истакна Бутрагењо.

Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година и во него откупна клаузула од вртоглави 500 милиони евра. Зинедин Зидан е категоричен во намерата да го задржи сонародникот, па клубот ќе направи се за да го убеди дефанзивецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Денешното издание на „АС“, весник близок до Реал Мадрид тврди дека раководството на „кралевите“ е спремно да му понуди нов договор со значително зголемување на платата, па според новиот договор Варан ќе заработува 9 милиони евра по сезона.

Најсилен интерес во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус, но „кралевите“ се надеваат дека со новиот договор ќе го убедат Варан да остане на „Сантиаго Бернабеу“.