Холивудските ѕвезди пред суд: Почна судењето за мито во образовниот систем во САД


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славните американски актерки Фелисити Хофман и Лори Лафлин илегоа пред суд во рамки на судскиот процес инициран во врска со подмитување лица за упис на нивните деца на престижни универзитети. Пред судот тие беа пречекани од дестици новинари.

Хофман и Лафлин во бостонскиот суд се соочија со обвинението поврзано со давање мито во замена за упис на нивните деца на елитни универзитети. Двете актерки стигнаа одвоено на судот и не сакаа да дадат изјави.

Хафман, позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки”, дојде сама, без својот уште попознат сопруг, актерот Вилијам Мејси. Холивудкста актерка Лафлин, позната по улогата во серијата „Полна куќа”, пред влезот во зградата на судот се смееше и им мафташе на новинарите.

Овие две актерки се меѓу 50 лица обвинети за предметот според кој гиолем број познати и богати родители наоѓале посредници и им плаќале илјадници долари за да им ги запишат нивните деца на елитни универзитети.

Првообвинетиот е извесен Вилијам „Рик” Сингер, кој , според обвинението земал од родителите вкупно 25 милиони долари , за да поткупува тренери и раководители на универзитетите. Тој ја признал вината и соработува со властите.