Ништо од пензионирањето: МекГрегор се премисли – се враќа во октагонот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот UFC шампион и контроверзен „фајтер“ во и надвор од рингот, Конор МекГрегор,  по само девет дена од највата за негово повлекување од професионалното занимавање со овој боречки спорт, се премисли и сега најавува враќање во октагонот.

„Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии не учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот“, напиша МекГрегор на Твитер.

Ирскиот професионален UFC борец има 25 борби во ММА на кои забележал 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против рускиот борец, Кабиб Нурмагомедов.

МекГрегор го изгуби тој дуел и остана без титулата во „UFC“ лесна категорија.