Ѕвездата од Game of Thrones откри недозволени детали за серијата, па настана хаос во емисијата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меиси Вилијамс, актерската ѕвезда од култната и планетарно популарна серија „Game of Thrones“, за време на гостувањето кај Џими Фалон, на 1 април, направи сцена откако „случајно“ откри огромен таканаречен „спојлер“ поврзан со последната сезона од хит серијата.

21-годишната актерка која во серијата го глуми ликот на Арја најпрвин, и покрај наговарањето од водителот, одбиваше да открие било што за последната сезона од „Game of Thrones“. Но, потоа одеднаш изјави: „Во текот на снимањето, последните денови од снимањето беа навистина емотивни бидејќи сите се простувавме, и уште кога дознав дека Арја умира во втората епизода, бев…“

„Па тоа е спојлер“, ја предупреди Фалон.

После таа реченица, Меиси се фати за глава, делуваше шокирано, дури и нејзините очи се наполнија со солзи и почна да се треси. Потоа го праша Фалон дали тоа може да биде пресечено од снимката, а тој ја убеди дека ќе го направи тоа.

Сепак, после тоа, Меиси стана и си замина од сцената, а Фалон делуваше малку загрижено. Замина да ја бара својата гостинка, а потоа ја повлече завесата и заедно со Маиси викнаа: „Априлилили!“, откривајќи дека тоа било само првоаприлска шега.

„Уф, добра си, многу добра! Како ве зезнавме. Ова беше Меиси Вилијамс, луѓе“, изјави потоа Фалон.