Кармина Бурана вечер во МОБ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадповска.

Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел е од Орфовиот триптих кантати „Трионфи“ пишувани врз латински текстови, заедно со „Кармина Катули“ и „Трионофо ди Афродите“.

Најпозната е по делот „Фортуна императрикс мунди“ или „О фортуна“ – дел со кој се отвора и се затвора ова музичко дело. Кантатата првпат била изведена во Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 и веднаш имала голем успех.

Во вечерашната изведба на „Кармина Бурана“ настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Оперски солисти ќе бидат сопранистката Катерина Стојановска, контратенорот Дејан Стоев и баритонот Горан Начевски, а балетски солисти се: Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне од Италија и Мирослав Митрашиновиќ.