Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На првиот официјален митинг во рамки на предизборната кампања за претседателските избори на претседателскиот кандидат на владејачката СДСМ и нивната коалиција, Стево Пендаровски, во Прилеп присутните на собирот беа сведоци на еден нов јавен излив на емоции, сличен на оној упатен од девојката во Скопје кон премиерот Зоран Заев, од страна на една прилепчанка.
Ова некако полека, но сигурно, прераснува во некаков тренд кој е евидентен на последните дебати и средби на симпатизерите и поддржувачите на партијата на власт, се почесто слушаме говори на луѓе со одамна невидена страст и љубов кон политичките лидери.
Не сме сосема сигурни на што се должат овие изливи на емоции на отворена сцена – дали на некаква посебна атмосфера што се создава на овие сеанси, дали на тоа што луѓето досега немале шанса да ја изразат својата огромна љубов кон политичките лидери, или можеби на внимателната организација на настаните.
Дали и колку им е непријатно на самите политичари кои се инспирација за вакви емотивни испади и „истурања на душата“ (како што вели Заев), не сме баш сигурни. Или можеби им ја полни душата, но и им го пумпа егото.