Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За јавноста и обожавателите на сериските филмови пристигнува нова, драматична серија за најголемата нуклеарна катастрофа која ја има доживеано човештвото, нуклеарната хаварија во Чернобил.
Од продукцијата на НВО го објавија првиот трејлер за мини серијата која носи краток наслов „Chernobyl“. Серијата е драматична историска приказна за нуклеарната несреќа која се случи во 1986 година.
Најавно видео
Дејството на серијата ги следи случувањата пред и после еколошката катастрофа од новото доба. Гледањето на првите кадри за многумина веќе беше ужаснувачко чувство, а според најавите на продуцентите, сета серија ќе ја следат такви кадри и сцени.
Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи во април, 1986 година. Истата беше предизвикана кога повеќе од 200 тони ураниум експлодираше во еден од нуклеарните реактори. Постојат две верзии за причините кои доведоа до таа експлозија.
Според првата, причината е исклучиво грешка на операторот. Според втората, причина за несреќата се грешки во самиот дизајн на реакторот. Точниот број на жртвите во оваа несреќа ни денес не е познат, а последиците уште се закана за здравјето од околните жители.
Актерска екипа
Главните улоги во серијата на НВО ги играат Џаред Харис, Емили Вотсон и Стелан Скарсгард. Скарсгард, како заменик премиер во серијата, се обидува да ги запре ужасите во Чернобил, додека нуклеарните физичари Харис и Ботсон се обидуваат да ја пронајдат смислата на катастрофата.
„Во Чернобил немаше ништо разумно“, вели Харис во првиот трејлер.
Серијата ќе има пет дела, а првиот ќе биде премиерно прикажан на 6 мај, оваа година.