Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинескиот производител на „паметни телефони“, Oppo, познат по бројните обиди еднаш засекогаш да се ослободи од дупчето за „селфи“ камера, има нова идеја: закосено позиционирана и сокриена „скокачка селфи камера“.
Серија протечени кадри, вклучително и видео, кои ги објави SlashLeaks, покажуваат дека наместо конвенционално сместена во дупче на екранот, „селфи“ камерата од Reno и блицот се сместени во подолга пластична испакнатина која се издига само од десната страна кога ќе се вклучи „селфи“ опцијата.
Освен формата, „скокачката“ камера на Reno е слична на останатите „скокачки“ камери – се појавува кога ќе ја вклучите апликацијата за „селфи“ камера и ја снемува кога ќе ја исклучите.
Предностите на овој пристап засега не се доволно јасни и дефинирани, но изгледа „кул“, нели?