Home Актуелно Апелација ја намали затворската казна на Јанкуловска во „Тенк“ на 4 години

Апелација ја намали затворската казна на Јанкуловска во „Тенк“ на 4 години

Со одлука на Aпелациониот суд, затворската казна на бившата министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во рамки на случајот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот Мерцедес во МВР се намалува на 4 години, две помалку од 6-годишната затворска казна која првично беше изречена од Кривичниот суд.

Одлуката Апелација ја објави на својата веб страна:

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Во случајот „Тенк“ освен Јанкулоска осуден е и пораншниот премиер, Никола Груевски, на две години затвор и помошникот министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, на 4 години и 6 месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…